Бразилскиот ас Роналдо Родригес, или кусо Налдо, како што е познат во јавноста ја продлабочи кризата во Дортмунд по новиот обид неуспешен обид на фудбалерите на Борусија да победат и да побегнат од опасната зона во Бунделсигата.
Налдо погоди со удар со глава за Волфсбург за конечни 2-2 на „Сигнал Идуна Парк„ против Борусија. И тоа во мошне незгоден момент за „милионерите“ и во вистински час за неговиот Волфсбург, точно во 85. минута.
Со голот за израмнување Налдо само ја потврди традицијата, која вели дека на меѓусебните натпревари на овие два тима, никогаш не победила екипата што прва го отворила резултатот. Тоа вчеравечер го стори Обамејанг за Борусија во осмата минута, за потоа Де Брујн да израмни на 1-1. Домаќините повторно поведоа со голот на Имобиле и кога се подготвуваа да ја прослават петтата победа во 16. натпревар во Бундеслигата, Налдо ги разочара.
Интересно е што Бразилецот е најефикасен одбранбен играч во овие 16 рунди во Бунделсигата со 4 погодоци. Волфсбург со ремито го задржа второто место во германската Прва Лига со 31 бод, цели 11 зад лидерот и актуелен шампион Баерн. Борусија минува низ тешки моменти и со само 15 бода е на 16. место во конкуренција на 18 екипи. Таа позиција води во понизок ранг, но се уште има многу време и натпревари за да се поправи впечатокот и поранешниот европски првак да го избегне најлошото, испаѓањето во понизок ранг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



