| четврток, 6 декември 2018 |

Романот „Големата вода“ од Живко Чинго награден во Париз

Романот „Големата вода“ од Живко Чинго, во превод на француски јазик од Марија Бежановска, ја доби наградата „При Ноктурн 2014“, јави дописникот на МИА од Стразбур.

20729617

Наградата ѝ беше врачена на преведувачката на романот, Марија Бежановска, на свеченост која се одржа во „Мезон де ла поези“ (Домот на поезијата) во Париз. На деветтото издание на „При Ноктурн“, кое од 2005 година ги наградува литературните текстови со чудна или фантастична инспирација, покрај романот „Големата вода“ на Живко Чинго во конкуренција беа уште седум други дела.

Целта на оваа награда е да ги врати повторно пред читателите делата кои по „малку се заборавени“ со необична или фанатстична инспирација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top