| четврток, 6 декември 2018 |

Владо Јаневски, Петар Нечески и групата „Камелеон“ за Нова година во Охрид

20111612-Vlado_Janevski

-За дочекот на Новата 2015 година на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, локалната самоуправа организира богата забавна програма. Во новогодишната програма, која ќе почне на 31 декември во 21 часот, домашните и странските туристи, како и охриѓани ќе ги забавуваат Владо Јаневски, Петар Нечески и гупата „Камелеон“ – најави денеска раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој Ѓоко Апостолов.

Тој додаде дека со настапот на овие естрадни уметници ќе се привлече вниманието на охриѓани и туристите највеселата ноќ да ја поминат на градскиот плоштад. Точно на полноќ ќе има голем огномет со кој ќе се надополни празничниот амбиент на прекрасно украсениот Охрид и ќе се означи почетокот на Новата 2015 година.
Предновогодишните празнувања, како што рече Апостолов ќе почнат на 22 декември со секојдневни настапи на ученици од охридските основни и средни училишта, детската градинка „ Јасна Ристеска“, голем број културно-уметнички друштва, оркестри и ансамбли, балетски и танцови студија и рок-групи. Настапите ќе се одвиваат во времето од 18 до 20 часот во работните денови, а од 12 до 16 часот за време на викендите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top