| четврток, 6 декември 2018 |

Град Скопје бара директори

grad-skopje1Градот Скопје објави јавен конкурс за избор на директори на девет градски институции и јавни претпријатија, и тоа: за СУГС „Лазар Танев“, за Младинскиот културен центар, за Библиотеката „Браќа Миладиновци“, за Домот на културата „Кочо Рацин“, за Детскиот културен центар „Карпош“, за Музејот на Град Скопје, за ЈП „Улици и патишта“, за Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и за ЈП „Водовод и канализација“.

Градот Скопје ги повикува сите заинтересирани кандидати кои поседуваат соодветно образование, менаџерски вештини, способност за тимска работа и способност за решавање конфликти, како и предлог-програма за работа на институцијата, односно јавното претпријатие што е предмет на овој повик, да се пријават на овој конкурс.

Јавните конкурси се објавени во дневните весници. За повеќе информации, сите заинтересирани на овој конкурс може да се обратат во Градот Скопје, во Одделението за човечки ресурси, на телефонскиот број 02/3297 293.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top