Како едно од можните наредни засилувања во тимот на Ливерпул се споменува голманот на Челси, Петр Чех, кој со доаѓањето на Тибо Куртоа на голот на „сините“ од Лондон се пресели на клупата за резерви.
Менаџерот на Ливерпул, Брендан Роџерс смета дека на Симон Мињоле му е потребна силна конкуренција.
Евентуален премин на Чех во редовите на Ливерпул во Челси може и да не се гледа како проблем за „сините“, бидејќи Ливерпул по 16.коло заостанува 18 бодови зад Челси, кој е лидер.
Во случај на заем Чех ќе нема право на настап против Челси, за кого има преку 350 настапи, а оваа сезона бранел само на четири натпревари, на три од нив не примил гол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.