| четврток, 6 декември 2018 |

СДУ: Раководството на СДСМ е единствениот сателит во Македонија

sdu1СДУ реагираше на обвинувањата од страна на потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски, дека се сателит-партија на ВМРО-ДПМНЕ. Тие запрашаа:

– Дали за сателити ги сметаат сите оние луѓе, членови на СДСМ, што секојдневно ни ја даваат својата поддршка на нас? Дали нивниот поранешен генерален секретар на СДММ, Михаел Младеновски, го сметаат за сателит? Дали нивниот поранешен претседател на СДСМ Кисела Вода, Чедо Саздовски, е сателит? Дали за сателити ги сметаат сите актуелни советници од СДСМ, кои на овие избори ќе настапат преку нашите листи?

Според нив, единствениот сателит во Македонија е раководството на СДСМ.

– Впрочем дали раководството на СДСМ смета дека сите партии што не се во ниедна коалиција се нечии сателити? Единствено СДСМ треба да сфати дека тие за граѓаните се завршена приказна и наместо да се занимаваат со нас, нека се потрудат да смислат некој проект што ќе го понудат на граѓаните на Република Македонија – додаваат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top