| четврток, 6 декември 2018 |

Тест: Изберете го окото кое ве привлекува и откријте повеќе за себе

Овој едноставен тест може да ви покаже дали сте отворена личност, дали премногу ги анализирате своите проблеми, како и на кој начин се борите со проблемите.

Со овој забавен тест на личноста можете малку подобро да се запознаете себеси. Се што е потребно да направите е да изберете око од сликата кое ве привлекува и да прочитате што тој избор зборува за вас.

Око број 1 – Вие сте отворена личност која ќе пушти скоро секого во својот живот и срце. Верувате дека е подобро да ризикувате, па можеби и да бидете повредени, наместо да се затворите спрема светот. Не ги покажувате на другите своите стравови и несигурности.

Секогаш се трудите да бидете тука за другите, дури и кога вам ви е тешко. Помагајќи им на другите, најдобро си помагате и на себеси.

Око број 2 – Совесна и чесна личност сте која секогап се обидува да остави добар впечаток и да постапи правилно. Верувате дека вашите дела влијаат на животите од другите луѓе, без оглед дали тие дела се големи или мали.

Не покажувате пред другите кога сте загрижени или вознемирени. Забележувате несреќи и неправди, но го држите тоа за себе. Се трудите да бидете добра личност бидејќи сметате дека тоа е најмалку што може да направите во животот.

Око број 3 – Страдате длабоко во себе. Имате бурно минато кое до денес влијае на вас. Некогаш ви се чини дека животот само обична шега па се обидувате да пронајдете внатрешен мир секаде каде што имате можност. Не им ги отркривате на другите вашите најмрачни мисли.

Однадвор секогаш изгледате весело, а се што преживувате го чувате само за себе. Експерт сте за да се подигнете и продолжите понатаму секогаш кога ќе ве срушат.

Око број 4- Вие сте комплексна личност с филозфски размислувања. За било што да станува збор, вие за тоа веројатно премногу ќе размислувате и анализирате.  Сакате да допрете до длабокото значење на работите и знаете толку да се задлабочите за своите мисли и да заборавите на материјалниот свет.

Не покажувате колку сте несигурни во себе, па се морате да преиспитувате. На животот гледате како на сложувалка и сакате да си играте со нејзините делови додека не ги најдете оние кои се вклопуваат.

Око број 5 – Таинствена личност сте кои другите тешко можат да ја откријат, но ни себеси не се познавате доволно. Вашата посебност е мешавина од многу контрадирности и расположението ви се менува од ден во де.

Ако се откриете себеси, веќе нема да бидете истата личност. Не им откривате на другите многу за себе. Малку зборувате и понекогаш делувате збунувачки. Сакате да набљудувате и запознавате други луѓе, пред било што да кажете за нив. Го зборувате само она за кое сте сигурни.

Око број 6 – Вие сте сензибилна личност која приметува се и ништо не заборава. Во хармонија сте со светот околу вас. Ги чувствувате интензивно и длабоко и понекогаш ситни работи може да влијаат на вас. Вас е лесно да ве насмеат или расплачат.

Својата слабост не ја покажувате пред другите, туку им покажувате колку проникливи може да бидете. Многу добро може да ги предвидите случувањата во вашиот живот и често сте првата личност која ќе насети што ќе се случи.

Око број 7 – Стравствена личност сте, секогаш полна со енергија. Кај вас ништо не е суптилно. Или сакате или мразите. Имате мислење за се и одлуките ги носите многу брзо. Не покажувате пред другите кога сте вознемирени или загрижени.

Поради вишокот енергија знаете да бидете доста нервозни. Кај вас секогаш влогот е виско, за било што да станува збор. Не може да побегнете од создавање драма во вашата глава за било која ситуација.

Oко број 8 – Вие сте ексцентрична личност со необични интереси, уверенија и навики. Отсекогаш сте биле по малку чудни и не сте обрнувале внимание на правилата и традицијата. Се правите на свој начин без обзир на последиците.

Ништо се скривате од другите, а оние кои ве одудуваат, всушност ви се забавни. Имате желба да постојат што повеќе луѓе како вас. Пронаоѓате многу радост во тоа што не сте конформист.

Oко број 9 – Вие работите по интуиција и многу добро ги разбирате другите луѓе. Може многу да дознаете за другите само по изразот на нечие лице или тонот на гласот, па секогаш знаете кога некој ве лаже.

На останатите за себе им го откривате исклучиво само она што вие сакате. Освен што самите добро ги „читате“ луѓето, знаете и кога вас другите ве „читаат“. Знаете кога некој манипулира со вас, но и вие имате способност да манипулирате ако веќе морате. Сепак, не го практикувате тоа често.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top