| четврток, 6 декември 2018 |

Џенифер Лопез е зависник од љубовта

hitportal-dzenifer-lopez

Џенифер Лопез призна дека е зависник од љубовта и се плаши да остане сама. 45 годишната пејачка, која има три неуспешни брака зад себе, изјави дека и требале години, за да научи да се сака првенствено себе. Во повеќето случаи таа се обидувала да најде нов партнер, за да ја намали болката од претходниот.

jennifer-lopez-night-out-style-leaves-cecconi-s-in-west-hollywood-february-2014_1

– Кога имаш толку болка во себе, треба да си дадеш анестезија во некои моменти. Луѓето прават различни нешта. Некои излегуваат, се  забавуваат, спијат со други, но тоа не е мојот начин, признава изведувачката.

– Ми требаа години за да го дознаам тоа, да научам да се сакам себе и да се соочувам со своите стравови да останам сама, објасни Лопез. Џенифер се раздели со 27 годишниот танчер Каспер Смарт во јуни оваа година, по две и пол години врска.

1403103858_jennifer-lopez-zoom

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top