Николче Новески нема среќа во новата сезона и повторно ќе отсуствува од фудбалските терени по обновување на повредата на лигаментите, вчера на загревањето пред дуелот на Мајнц против Келн.
Новески требаше да го почне мечот со популарните „јарци“, но непосредно пред стартот на дуелот, капитенот на Мајнц беше повлечен, откако стана јасно дека нема да може да игра.
Николче веќе паузираше три месеци, а го одигра само првиот меч во новата сезона против Падерборн и уште четири по враќањето. Паузата веројатно пак ќе биде подолга, па неизвесно е кога 35-годишниот стопер и капитен на Мајнц ќе се врати на тернеите во Бундеслигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.