| четврток, 6 декември 2018 |

Здружението ХОПС ја награди новинарката на „Република“, Јана Јосифоска

REPUBLIKA_NASLOVNI

„Сексуалните работнички жртви на конзервативните вредности“, приказната на новинарката на „Република“, Јана Јосифоска е добитник на награда за новинарски статии на тема „Сексуалната работа во Македoнија“. По повод 17 декември – Меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните рабтоници – Здружението ХОПС – Опции за здрав живот – Скопје спроведе јавен повик за новинарски статии, а од пристигнатите текстови Комисијата за избор ги награди следниве:

– Прва награда: Менче Точи – „Медиумите со предрасуди за сексуалните работници“.

Jana Josifovska– Втора награда: Јана Јосифоска – „Сексуалните работнички жртви на конзервативните вредности“.

– Трета награда: Никола Крстиќ – „Ноќните дами во сива зона – државата глува на повиците за легализација или декриминализација“.

Традиционално, ХОПС и оваа година ќе се придружи на маршот на црвените чадори во поддршка на сексуалните работници во нивната борба против насилството. Сексуалните работници маршираат во надеж дека ваквата ситуација ќе се промени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top