Тридневна жалост почнува денес во Пакистан, откако талибанци нападнаа воено училиште во Пешевар.
Од вкупниот број загинати 132 се деца, а останатите возрасни за кои властите подготвуваат масовен погреб.
Целата држава е во шок поради најсмртоносниот терористички напад извршен во таа држава, јавуваат западни медиуми.
Масакрот почна вчера утрото откако седуммина екстремисти од таа терористичка организација упаднаа во училиштето и почнаа да пукаат во децата одејќи од училница во училница. Хоророт во школото траеше осум часа колку и судирот на талибанците во училиштето со припадниците на пакистанските сили за безбедност.
Нападот предизвика осуди од лидери на држави во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.