
Младиот македонски музичар Игор Станоевски се најде меѓу првите десет уметници на еден од најголемите натпревари за рок и блуз-гитаристи, „Плеј крос роудс“. Од преку 2.500 пријавени гитаристи и групи од целиот свет, Станоевски, попознат како Игимен, со својот рејтинг од 90 отсто е меѓу првите десет, но сè уште не е познато кој од висококвалификуваните ќе има чест да свири со Ерик Kлептон во „Медисон сквер гарден“. Игор ,исто така, се појави и на насловната страница на „Плеј крос роудс“, како артист на денот, веднаш до светските имиња како Ана Поповиќ и Филип Сејс.
Македонскиот блузер кариерата ја почнa на 16 години кога неговиот талент го препознаа од „Јамаха“, по што стана нивно заштитно лице за Македонија во 2003 година. Тој имаше свој солистичкиот настап на фестивалот „Блуз и соул“ , а, меѓу другото, свиреше и со славниот Грег Рајт, познат како поранешен гитарист на Мајкл Џексон. Натпреварот траеше до 8 март, најдобрите 100 гитаристи ќе бидат разгледани од жири-комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По Њујорк и Лос Анџелес блуз рок гитаристот Давид Нешкоски в четврток настапува во Скопје (видео)
-
Повеќе никој не сака да се обложува на мојата смрт
-
Продаде повеќе од 300 милиони албуми, а денес само малкумина го препознаваат
-
Гитаристот Дарко Багески на фестивали во Бугарија, Италија, Тајван и Црна Гора


