| четврток, 6 декември 2018 |

Гитаристот Дарко Багески на фестивали во Бугарија, Италија, Тајван и Црна Гора

Нашиот познат гитарист Дарко Багески , солист и професор на ФМУ – Скопје , ја отпочнува својата активна концертна сезона во 2015 година,со учество на XIX Интернационален Фестивал и нетпревар за класична гитара “Академик Марин Големинов” – Ќустендил (Бугарија). На овој фестивал кој ке се одржи од 01-04 Април 2015 година ,македонскиот гитарист Дарко Багески и бугарската гитаристка Стела Динкова ке настапат како солисти со камерниот оркестар на операта од Благоевград (Бугарија) ,при што ќе го изведат популарното дело на познатиот италијански композитор Антонио Вивалди “Четири годишни времиња “ во преработка  за две гитари и камерен оркестар од композиторот Петар Радевски (Бугарија). Концертот ќе го диригира  Красимир Топалов (Бугарија).

Меѓународната концертна сезона Багески ја продолжува со солистички концерти на интернационални фестивали кои ке се одржат во Италија,Тајван,Црна Гора,Бугарија, а во јули, нашиот гитарист ќе одржи солистички концерт во Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top