| четврток, 6 декември 2018 |

Продаде повеќе од 300 милиони албуми, а денес само малкумина го препознаваат

2C745E0900000578-0-image-a-7_1442620165566

Повеќето луѓе што би го сретнале на улица нема да го препознаат, а уште помал број од нив би рекле дека се работи за рок ѕвезда.

Но, познавачите на рокот многу добро знаат за кого станува збор, а тој деновиве повторно го привлече вниманието на британските медиуми,  иако и тие што го познаваат едвај би го препознале.

Неговото име е Џон Дикон и е поранешен басист на мегапопуларната група „Квин“. Тој ги има напишано некои од најголемите хитови на бендот, но со текот на годините се повлече и ужива во своето богатство.

2C74585300000578-0-image-m-6_1442620158185

Се проценува дека на својата сметка 64-годишниот Дикон има повеќе од 85 милиони фунти.

Иако со бендот не е од 1997 година, тој живее од славата на свои големи хитови, као што е „I Want To Break Free“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top