| четврток, 6 декември 2018 |

Од 2015 година на пензионерите им следува бесплатен туристички викенд

пензионери

Околу 3. 000 пензионери ќе добијат бесплатен туристички викенд наредната година. Охрид, Струга, Берово се некои од туристичките центри во кои корисниците на пензија ќе имаат полн пансион со бесплатен превоз до таму.

– Во Македонија имаме редовна исплата на пензии во првата седмица од месецот и нејзино континуирано зголемување. Владата на Република Македонија изврши дополнително зголемување на пензиите. Во таа насока од 2006 година просечната пензија се зголеми за 62 проценти или изразено во пари во 2006 година, просечната пензија изнесуваше 7683,00 денари, а во 2014 година изнесува 12.445,00 денари. Со цел подобрување на социјалната положба на корисниците на пензија во 2014 година, со февруарската исплата на пензиите се изврши  усогласување односно зголемување на пензиите за 5проценти – изјави Диме Спасов, министерот за труд и социјална работа.

Пензионерите во март годинава добија покачување на пензиите за 600ден.. Просечната пензија во Македонија  изнесува 12.450 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top