
Македонија повторно ќе остане без датум за почеток на пристапните преговри со Европската унија (ЕУ), потврдија министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата во рамките на Советот за општи работи (ГАК) на Европскиот совет.
ГАК во своите заклучоци наведува дека Европскиот совет ќе се наврати на ова прашање во 2015 година, по проценката на Европската комисија (ЕК) и очекува значителни чекори во промовирањетона добрососедските односи и спорот за името, како и резултатите од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД).
„Советот ја дели оценката на Комисијата дека политичките критериуми се доволно исполнети врз база на постигнатиот кумулативен прогрес и ја нотира препократа на ЕК за отворање на пристапните преговори со Македонија. Во однос на можното отворање на преговорите, Советот ќе се наврати на ова прашање во било кое време во 2015 година врз основа на ажурирање од страна на Комисијата за спроведување на реформите, вклучувајќи го во контекст и ХЛАД, како и од видливите преземени чекори за промовирање на добрососедските односи и за постигнување на компромисно и меѓусебно прифатливо решение за прашањето за името“, се вели во заклучокот на ГАК.
Италијанското претседателство со ЕУ, кое за две недели ја завршува оваа фунција, порача дека политиката на проширувањето останува високо на агендата на ЕУ.
„Како и во секој процес за стабилизација и асоцијација, брзината во пристапот е до државата и секоја држава го бира патот и брзината, тоа не го правиме ние. Властите во Скопјре треба да се посветат повеќе кон исполнувањето на стандардите кои се познати и се повторени денеска а тоа се владеењето на правото, економското управување и реформи на јавната администрација“, истакнал италијанскиот потсекретар за европски прашања, Сандро Гози, додавајќи дека има повеќе работи на кои земјата треба да обрне внимание и дека не е само прашањето за името.
Во поглед на политичкиот дијалог, ГАК порачува дека „одговорност на владата и на опозицијата е да осигураат политиката дебата да се одвива главно во Парламентот и да придонесат за создавање на услови за негово правилно функционирање“.
Севкупните заклучоци на ГАК за земјава преостанува уште само да бидат потврдени од челниците на Европскиот совет на самитот кој ќе се одржи во петок
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


