
„Ова личи на крај“ од Џулијан Барнс е добитник на „Букерова награда“ за 2011 година. Неверојатно привлечна приказна за еден средовечен маж кој се труди да се помири со минатото за кое долго одбивал да размислува – но пријателите од детството се враќаат за да се одмаздат; едниот од оној свет, а другиот ужасно сеприсутен. Антониј Вебстер е убеден дека ги оставил спомените зад себе додека макотрпно ја градел својата иднина, но со годините, бракот му се распаѓа, семејството се растура, кариерата му завршува, па разведениот пензионер старее сам. Токму тогаш, во пензионерските денови, наследува мистериозен спомен од минатото што го присилува секојдневно да размислува за сè што било и што не било, за нештата за кои мислел дека ги разбира. Тогаш е принуден одново да ги разгледа случките и луѓето од минатото и да размислува за својот нарав и за своето место во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на романот „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева во Библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
„Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах
-
Смртна казна за познат писател на крими-романи: Злосторството го прераскажал во роман
-
„Антолог“ ја објави книгата „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ


