| четврток, 6 декември 2018 |

Обама не знае што да ѝ купи на Мишел за Божик

ObamaChristmas

Америакнскиот претседател Барак Обама се пожали на американските новинари дека е знае што да ѝ купи на сопругата Мишел Обама за Божик, пренесуваат тамошните медиуми.

– Мишел е многу убава, внимателно ја следи модата и секогаш сум загрижен кога треба да купам облека за неа. Се плашам дека за Божик ќе ми се заблагодари за подарокот кој подоцна веќе никогаш нема да го видам – изјави Обама.

Американскиот  претседател признава дека му е поедноставно кога купува подароци за ќерките.

– Една година на постарата ќерка ѝ купив комплет од 100 најдобри филмови во историјата на кинематографијата. Беше одушевена – изјави Обама.

Семејството Обама божикните празници ќе ги помине на Хаваи, родното место на претседателот, каде што традиционално, целото семејство ги минува новогодишните празници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top