Докторите и научниците во Казахстан со месеци ги збунува едно мистериозно пореметување меѓу жителите на селото Калачи. Тие паѓаат во длабок сон, спијат неколку дена по ред и потоа не се сеќаваат на ништо.
Будењето од сон трае од два до пет дена и е пропратено со необјасниво губење на памтењето, јави „Раша тудеј“.
Марина Фелк (50) е млекарка од Калачи и раскажува што ѝ се случило.
– Едно утро, како и обично молзев крави и одеднаш заспав. Не се сеќавам на ништо, освен дека се разбудив во болница, и медицинската сестра ми се насмевна и ми рече: Добре дојде назад заспана убавице! Конечно се разбуди. Не се сеќавам на ништо. Спиев два дена и две ноќи. Жените со мене во соба раскажуваа дела неколку пати сум се будела и сум говорела во сон – раскажува Фелк.
Слично искуство имал и Алексеј Гом (30) кој во Калачи, одалечен 400 километри од главниот град на Казахстан Астена, дошол да ја посети својата баба.
– Со сопругата дојдовме во посета. Утрото сакав да завршам некоја работа, го отворив лаптопот да прочитам и толку се сеќавам. Како некој да притисна копче и ме исклучи. Се разбудив во болница. Лекарите, иако ме испитувале, не нашле ништо. Спиев повеќе од 30 часа. Тоа никогаш не ми се случило – раскажува Алексеј.
Лекарите оваа појава прво ја поврзувале со вотка со лош квалитет која се произведува и конзумира во руралните краеви, но ниту една од жените не пиела алкохол.
Најтешкиот случај бил оваа година кога осум ученици засапале на час и завршиле во болница. Научници од Казахстан и Русија, радиолози, токсиколози го посетиле селото и направиле многу мерења, но засега немаат логично објаснување за „болеста спиење“. Некои теории велат дека проблемот е во рудникот со ураниум кој не работи веќе 20 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова се првите симптоми на рак на дебело црево…
-
Камерниот оркестар на Македонската филхармонија со два концерти во Казахстан
-
Уште еден дипломат од американската амбасада во Куба заболе од мистериозната болест
-
Ова бебе има 23 години: Роден е 1995 година и престанал да се развива откако наполнил една година (видео)