| четврток, 6 декември 2018 |

Мафијашки обид за убиство во Велешта

Две непознати лица со огнено оружје вчеравечер се обиделе да убијат жител на струшкото село Велешта пред неговиот дом. Случајот во полицијата во Струга бил пријавен по полноќ од страна на вработените во Медицинскиот центар во Струга каде што бил донесен повредениот 36-годишнен А.С.

Тој со неговото возило се движел од центарот на Велешта кон неговиот дом, а во близина на неговата куќа забележал патничко возило без регистарски таблички од кое излегле две непознати лица, по што едно од лицата извадило пиштол и испукало неколку куршуми кон А.С. и тие се дале во бегство.

Извршен е увид на местото на настанот од каде што се подигнати осум чаури, се преземаат мерки за откривање на сторителите и за расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top