| четврток, 6 декември 2018 |

Театар за деца и младинци: „Пат околу светот“ – претстава за љубовта и за пријателството

Ова е втора претстава на Трифуновски во Театарот за деца и младинци, по „Пипи Долгиот Чорап“, која е апсолутен хит на скопскиот театар и директорот и актер Драган Довлев се надева дека и „Пат околу светот“ ќе ја има судбината на „Пипи Долгиот Чорап“. Трифуновски за таа претстава ја направи драматизацијата, а режисерка е Драгана Милошевски Попова

pat okolu svetot

„Пат околу светот“ е новата премиера во Театарот за деца и младинци која ќе се одржи утре, 17 декември (19 часот) и е претстава за љубовта и за пријателството. Бојан Трифуновски е режисерот на претставата, кој ја направи и драматизацијата на романот „Пат околу светот за 80 дена“ од Жил Верн.

Пораката за етичност и пријателство во свет на кој му треба сериозен ремонт е главна идеја што го поттикнала режисерот Трифуновски да направи драматизација на познатиот роман на Верн.
Во претставата учестуваат 13 актери, што е најголем број досега во поделбата на улоги во Театарот кој има 16 вработени актери. Претставата од седумдесетина минути е наменета за деца над 10 години, пред се за ученици во седмо одделение кои оваа книга ја имаат за лектира.

Ова е втора претстава на Трифуновски во Театарот за деца и младинци, по „Пипи Долгиот Чорап“, која е апсолутен хит на скопскиот театар и директорот и актер Драган Довлев се надева дека и „Пат околу светот“ ќе ја има судбината на „Пипи Долгиот Чорап“. Трифуновски за таа претстава ја направи драматизацијата, а режисерка е Драгана Милошевски Попова.
Улогите на Филијас Фог и неговиот слуга-придружник Паспарту ќе ги играат Владимир Лазовски и Бојан Кирковски, а во улогата на принцеза ќе биде Татјана Павловска-Кочовска.

pat okolu svetot1

– Се обидов да направам наша приказна за светот погледнат од нашата глувчешка дупка. Светот не се променил многу од времето кога Верн во своето дело ја критикувал империјалистичка Англија зашто живееме во ера на самрак на една цивилизација. Денес сме колонизирани од друга сила, а тоа е моќта која не познава идеологија, која не сфаќа дека сите имаме иста биологија. Живееме во време во кое годишниот буџет на една од трите најголеми светски сили за војна е доволен да го спаси светот од глад, секоја година… Бидејќи е така апсурдна ситуацијата, јас решив да напишам еден пат околу светот кој, во суштина, нема некоја голема разлика. Дали си во Индија или си во Кина, секаде луѓето се тажни, секаде има војна, секаде има недостиг на човекови права и секаде нашите херои. Филијас Фог и Паспарту со својата етичност, љубов и пријателство се обидуваат и успеваат да свртат нов лист на тие тажни и од различни работи заболени места, пред сѐ од желба за повеќе пари за моќ – рече Трифуновски кој напишал пет верзии на драматизација на текстот.

„Пат околу светот за 80 дена“ е меѓу најпоставуваните на сцените во светот и има голем број екранизации. Само во англиското говорно подрачје драмата е поставувана 720 пати и има 17 филмски верзии на основата на текстот. Сценографијата е на Срѓан Митровиќ и Кирил Василев, костимографијата на Искра Џокиќ, а музиката на Џијан Емин.

„Пат околу светот“ ќе биде четврта премиера на Театарот за деца и младинци во 2014 гидина и четврта лектирна претстава што Театарот ја поставува на својата сцена, по „Грдото пајче“, „Пипи Долгиот Чорап“ и „Оливер Твист“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top