| четврток, 6 декември 2018 |

Наркобосовите на Филипините и во затвор имале свои вили

bilibid-1216Наркобосовите на Филипините и во затвор имале посебни луксузно опремени ќелии со клима- уреди, изградени во мал комплекс на вили во чиј состав имало и џакузи, стриптиз барови и други работи што им овозможувало да живеат „како кралеви“ и од затворот и натаму да управуваат со трговијата со дроги и проституцијата.

bilibidСензационалното откритие го направија командосите на филипинската специјална полиција, кои вчера упаднаа и го окупираа најголемиот затвор на Филипините, „Билибид“.

Филипинската министерка за правда Леила де Лима на денешната конференција за печат ги потврди извештаите на командосите, додавајќи дека во рамките на затворот функционирала и посебна „банка“ во која криминалците чувале големи суми пари.

bilibid-prisonПо откривањето на скандалот, се претпоставува дека управувањето на затворот ќе го преземе армијата, а за сите вработени обвинителството ќе покрене процес за нивно ставање зад решетки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top