Во полициска акција во кафуле во Сиднеј, каде маж држеше под заложништво вработени и гости повеќе од 16 часа, загинаа три лица, јави австралиската телевизија Канал 7. Полицијата извршила упад во кафулето „Линд“ откако се чуле истрели. Во заложничката драма во Сиднеј загинаа три лица, а четири се повредени. Меѓу убиените е и напаѓачот, соопшти австралиската полиција.
Австралиската полиција претходно потврди дека заложничката драма во Сиднеј е завршена после 16 часовна опасада на кафулето „Линд“ во центарот на градот, во кое од утринава, иранскиот азилант Ман Харон Монис држеше како заложници триесетина лица.
Напаѓачот Монис претходно побара да му биде доставено знаме на џихадистите на Исламска држава (ИД) кои војуваат во Сирија и Ирак, за да се формира исламистички калифат, како и да му се овозможи да зборува со премиерот Тони Абот.
Претходно австралиските телевизиски станици тврдеа дека напаѓачот има скриено две бомби во кафулето, како и дека ја предупредил полиијата оти има поставено бомби и на неколку локации во центарот на Сиднеј. Во првите информации за завршувањето на заложничката криза нема информации за тоа дали бомби се пронајдени во кафулето.
Нападот на кафулето и продавница за чоколади „Линд“ е извршен денеска малку после 9 часот, по локално време, додека жителите на овој најголем град во Австралија одат на работа.
Маж на четириесетина години е виден како со торба во рацете и со оружје, влегува во кафулето. Напаѓачот што подоцна беше идентификуван принуди неколкумина од заложниците со рацете на стаклото од излогот да истакант црно знаме со арапски натпис на него, што наликува на знамето што го користат џихадистите на ИД .
Шест часови по нападот тројца од заложниците избегаа од кафулето, а по еден час излегаа уште двајца други кои изгледа ги пренесоа барањето на напаѓачот за полицијата. За Ман Харон Монис се тврди дека се наоѓал под истрага за низ акриминални дела, меѓу кои и за помагање при убиството на неговата поранешна сопруга, како и за десетина сексулани напади. Тој важи за самонаречен верски лидер и себе си нарекува шеик.
Инцидентот што се означува како најтежок ваков случај досега, беше лоциран во најстрогиот центар на Сиднеј, во популарниот „Мартин Плејс“ во бизнис зоната на градот. Таму се наоѓаат седиштата на неколку банки и финанссиски институции, а во непосредна близина се Конзулатот на САД, како и седиштето на премиерот и на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


