| четврток, 6 декември 2018 |

Еболата одзеде 6800 животи

еболаПовеќе од 6.800 луѓе починаа од ебола, а речиси сите жртви се од западна Африка, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Според најновиот извештај на СЗО, 18.464 лица се инфицирани со вирусот на ебола во Гвинеја, во Либерија и во Сиера Леоне, од кои 6.841 починале.

Во извештајот нема нов број на жртви во другите држави. СЗО минатата недела објави дека од ебола во Мали починале шестмина, едно лице во САД и осуммина во Нигерија, која во октомври прогласи дека е запрена епидемијата.

Исто прогласија и Шпанија и Сенегал, но во меѓувреме во двете земји забележан е по еден случај на ебола, без смртен исход.

Со ебола се инфицираа 639 здравствени работници, од кои 349 починаа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top