| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени десет џихадисти во Франција

france-police-interventionДесет лица се уапсени откако француската полиција спроведе оперативна акција низ цела земја против мрежа џихадисти, изјави францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнов, цитиран од ДПА.

Како што покажува првичната истрага, групата организирала патувања до Сирија за луѓе со интерес за приклучување кон џихадистичките групи, кои се борат во граѓанската војна во оваа земја.

Очигледно е дека групата дејствувала околу Париз, но, исто така, и во Тулуз и Авр. Според француското Министерство за внатрешни работи, бројот на случаи како овој годинава драматично се зголемил. Преземени се околу 100 истраги против 500 лица, додаде министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top