| четврток, 6 декември 2018 |

Убиени 128 новинари во 32 држави

journalismНајмалку 128 новинари се убиени во 32 држави во текот на 2014 година, од кои деветмина во Украина, соопшти денеска невладината организација ПЕЦ со седиште во Женева.

– На врвот на листата е Газа, каде израелската армија, во текот на операцијата „Заштитен раб“, уби 16 новинари, следи Сирија со 13 загинати новинари и Пакистан каде се убиени 12, наведува ПЕЦ, оценувајќи ја 2014 како ужасна година за новинарите.

На четврто и петто место се Ирак и Украина, со девет односно десет убиени новинари.

Судирите во Украина и израелската офанзица во Појасот Газа оценети се како ситуации кои довеле до убиство на многу новинари, а ситуацијата во Сирија е окарактеризирана како без преседан поради обезглавување на новинарите, што е забележено на видео-снимки.

Минатата година во светот загинаа 129 новинари.

Според податоците на ПЕЦ, најмалку илјада новинари се убиени последните девет години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top