| четврток, 6 декември 2018 |

Цветкоски и Димоски во меѓународна антологија „Планета на поетите“

Славе Ѓорго Димоски

Македонските поети Бранко Цветкоски и Славе Ѓорѓо Димоски се претставници на Македонија во меѓународната поетска антологија „Планета на поетите“, која на почетокот на годинава се појави во летониската престолнина Рига.

Бранко Цветкоски

Во овој проект на Меѓународната асоцијација на писателите и публицистите од Рига, кој е поддржан од Европската комисија, нашите познати поети се застапени со по десет песни во препев на Олга Панкина и Максим Замшев, а во антологијата групно се претставени и поезиите на Австралија, Австрија, Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Бугарија, Велика Британија, Унгарија, Германија, Грузија, Израел, Шпанија, Казахстан, Канада, Киргистан, Летонија, Литванија, Молдавија, Монголија, Полска, Португалија, Русија, Србија, САД, Турција, Украина, Франција, Чешка, Шведска и Естонија.

Антологијата ќе биде промовирана летово на Вториот европски литературен форум, книжевен собир кој секоја година се одржува во Рига со учество на литерати од триесетина земји од светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top