Според документите за растот на Бруто домашниот производ во третиот квартал од оваа 2014 година, анализи правени на европската статистичка служба на ЕУ Евростат, Македонскиот раст на БДП во третиот квартал е втор по големина на континентот.
Статистички, најголем раст имала Велика Британија со 4,3 проценти, додека Македонија остварила раст од 4,1 процент. Токму тие две земји имаат и раст на БДП со над четири проценти.
По нив, трета држава на ранг листата е Полска, со остварен раст од 3,4 проценти, а зад неа се Романија, Словенија и Унгарија со 3,2 проценти.
Двете соседни држави, членки на европската Унија, Бугарија и Грција, во третото тромесечие годинава оствариле идентичен раст од 1,9 проценти.
На листата само 21 држава се со позитивен раст на БДП. Последни од нив се Данска и Белгија со 0,9 проценти, додека Франција има раст од 0,3 проценти.
Австрија е првата на оваа листа со минусен предзнак, и со раст на БДП во третиот квартал од -0,1 процент, додека Италија ја следи со -0,5 проценти.
Целата анализа на Евростат проследете ја на следниот линк http://ec.europa.eu/eurostat/ documents/3217494/6294721/KS- BJ-14-012-EN-N.pdf/8a0becfe- 9bba-4f69-91b6-5ab9919523d1
каде се објавени анализи за секоја држава одделно, почнувајќи од Белгија, на 26-тата страница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.