| четврток, 6 декември 2018 |

Пониски продажни цени на производителите на индустриски производи на годишно ниво

индустријаПродажните цени на производителите на индустриски производи во октомври 2014 година  се непроменети на месечно ниво, а се пониски за 1,2 отсто на годишно ниво.

Во октомври 2014 година, во споредба со септември 2014 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, е повисоки во секторот рударство и вадење камен за 4,1 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,3 проценти, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,6 проценти.

Во октомври 2014 година, во споредба со октомври 2013 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 8,9 проценти и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6,3 проценти, а се пониски во секторот преработувачка индустрија за 2,5 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top