| четврток, 6 декември 2018 |

Новогодишен луксуз – 1.200 денари за три пијачки и за чипс

И годинава цените за прослава на Нова година ќе ги испразнат џебовите на оние што ќе одлучат тоа да го направат во некој угостителски објект. Останува секој да си пресмета дали оваа цена е реална и колку се исплати да се дадат тие пари за понуденото. 

Минимум илјада денари по човек со ограничен број на пијалоци ќе ве чини карта за прослава на новогодишната ноќ низ скопските кафулиња. Ако сакате да резервирате сепаре за пријателите, мора да гарантирате минимум 8.000 денари потрошувачка. Во рестораните и баровите каде што ќе се служи и храна цената на менито достигнува и над две илјади денари. Неколку стотки, пак, се понудите за разни забави со електронска музика, диџеи и македонски пејачи, кои не вклучуваат пиење.

Некаде различно се наплаќа местото внатре во кафулето, од она на терасата. Таков е случајот со кафулето „Џовани“ каде за 1.000 денари добивате место на тераса, четири пијалоци и новогодишно мени, а за истата понуда на пијалоци и јадење со место внатре плаќате 1.500 денари. Во Штип, пак, во „Ангелс кафе“ различна цена плаќаат девојките, малку повисока момчињата.

10857795_903488592996619_9187571729955200028_n

Многу од кафулињата организираат и дневна забава, која најчесто е само со резервации, додека заедничката дневна забава на „Тренд“ и „Лондон паб“ на Плоштад ќе ве кошта 1.300 денари во кои е вклучена и закуска.

F369420AACD5E941A05A93A9AFAA0B1F

ПОНУДИ КАФУЛИЊА, КЛУБОВИ И РЕСТОРАНИ

Кафулето „Дежаву“ во Капитол мол, за дневната забава со Бени и неговиот бенд не го наплаќа влезот, додека за вечерта наплаќа само влез 500 денари и ги нуди храната и пијалоците по секојдневната цена.

Во „Чао“ задолжени за музиката ќе бидат диџеите Напстер и Синиша. За стоење се наплаќа 1.000 денари ( 1 ваучер за пиење до 1.000 денари, сѐ што се надминува се доплаќа), за коњопој – 5.000 денари ( 5 ваучери за пиење до 5.000 денари, сѐ што се надминува се доплаќа), и коњопој од 6.000 денари ( 6 ваучери за пиење до 6 000 денари, сѐ што се надминува се доплаќа). Сепаре чини 8.000 денари ( 8 ваучери за пиење до 8 000 денари, сѐ што се надминува се доплаќа).

Кафе „Чептер“ во Ситимол нуди влезница од 1.000 ден која е ваучер со 5 алкохолни пијалаци. Ако сакате да резервирате маса, важат следните услови: коњопој за максимум 5 лица и ваучер за пиење од 5.000 денари чини исто толку(се што ќе надминете се наплаќа по редовна цена), коњопој за максимум 8 лица и ваучер за пиење од 8.000 денари и истите услови за надминување чини истотака 8.000 денари. За сепаре за максимум 6 лица и ваучер за пиење од 6.000 денари, плаќате 6.000 и редовна цена за се што ќе надминете.

Во клуб МКЦ со музиката на „Деј оф“ се нудат два пакети: 1.800 денари со вклучено целосно мени во ресторанскиот дел или 1.200 денари со вклучени 3 пијалоци и мезе-грицки на коњопој во клупскиот дел.

Клуб и ресторан „Чикаго“ во својата понуда нуди „културна, весела, распеана и разиграна забава“ со караоке и латино забава. Дочекот чини 1.299 денари во кои се вклучени неограничено јадење и пиење, но не и бесплатно конзумирање на виски. Шише од овој жесток пијалок ќе се нуди по промотивна цена од 1.700 денари.

Во барот „Роад хаус“ местата се ограничени (50 места). Таму за 1.500 денари добивате богато бифе и неограничено пиење.

Во ресторан „Бисера“ добивате „свадбарско“ мени за 1.650 денари. И тука неограниченото пиење се ограничува, така што пиете само до класа на шток, коњак, вотка и сортни вина.

Во ресторан „Градина“ нема ограничување на тоа каков пијалок може да пиете, добивате исто така новогодишно мени, а цената изнесува 2.000 денари по човек.

ПОНУДА НА ЗАБАВИ

Метрополис“ арена го нуди „Најдоброто од Македонија“.

1924715_688600724588213_4080783726901315147_n

„Суперхикс“, Гоце САФ, „Пеперминт“, ЛД Пистолеро и Самоил Радински ќе може да ги слушате по цена од 200 денари за купена карта до 20 декември, 300 денари а прославата, 400 денари на врата и 500 денари за ВИП карта. 4.000 денари кошта ВИП пакет кој вклучува 4 ВИП билети, барска маса и шише Јегер/Финландија/Џек Даниелс.

Во арената „Борис Трајковски“ ќе има денс дочек, а како главни транс диџеи и гости се дуото Max Lanfranconi & Maurizio Beggoti. Тука влезницата изнесува 500 денари во препродажба и 700 на врата.

Во „Капан ан“ за 300 денари добивате музика од 10 диџеи и бесплатно овошје и грицки.

„Летечки пекинезери“ и „Фолтин“ ќе настапуваат во „Сити хол“. Влезниците во предпродажба чинат 650 денари до 22 декември, а потоа ќе се продаваат по цена од 800 денари.

Во „Супер клуб“ се организира македонска транс психоделична забава со цена на влезници – 350 денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top