| четврток, 6 декември 2018 |

Македонска новогодишна вечер – Есма, Елена, Наум, Сузе, Кајмакоски, Дани, „Куку леле“, Ерик

skopje-plostad-nova-god-2011-659
Есма Реџепова, Наум Петрески, Сузана Спасовска, „Куку леле“, Ерик Фокс и Симона, Даниел Кајмакоски, Дани Димитровска… ќе ги забавуваат сите што ќе решат новогодишната вечер да ја поминат на плоштад. На полноќ ќе пее Елена Ристеска. Годинава Град Скопје и генералниот спонзор на новогодишната прослава во Скопје „Т-мобиле“ се определија за забава со претставници од македонската естрада.

Годинава новогодишната забава ќе почне уште на 25 декември со новогодишен волшебен парк со распеани елки, Дедо Мраз, детски работилници и маркет со продажни активности. Волшебниот парк ќе биде поставен во паркот „Жена-борец“ и ќе биде отворен секој ден од 11 до 21 часот. Во него ќе биде поставена и мала бина на која ќе пеат детски и возрасни хорови и други диџеји и бендови.

На 28 декември во 12 часот ќе се одржи и трка на дедомразовци. За таа пригода се обезбедени 500 костими на Дедо Мраз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top