| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Неготино – Грк ги нападнал сопругата и дедото

Триесет и тригодишна неготинка пред две ноќи, во раните утрински часови околу 2.40 часот го пријавила нејзиниот сопруг Г.К. (27) од Р. Грција, со привремен престој во Неготино, во полициската станица во Неготино.

Пријавениот се вратил дома во алкохолизирана состојба и физички ги нападнал неа и нејзиниот татко нанесувајќи им телесни повреди.

Полицијата веднаш интервенирала, а Г.К. бил затекнат како упатува закани и навреди кон неговата сопруга и нејзините родители и притоа упатил закани и навреди кон полицајците поради што бил приведен и задржан во полициската станица.

По целосно документирање на случајот против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело телесна повреда извршена при семејно насилство.

На него му е изречена казна од 800 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top