Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска, денеска упати честитка до претседателот на Еврејската заедница на Република Македонија, Берта Романо-Николиќ, по повод Ханука – големиот празник на светлината.
– Ханука е симбол на еврејското национално опстојување и на повторната обнова на верската слобода. Ова е многу важно бидејќи верската слобода денес е фундаментално човеково право кое го препознаваат сите религии и верски заедници. Низ историјата, Евреите претрпувале незапаметени прогонства и неизмерни страдања, но, сепак, тие и натаму опстојуваат благодарение на почитта на верата и желбата да се сочува традицијата. Пораката на Ханука е универзална – се вели во честитката.
Потребно е, се наведува во честитката, да бидеме благодарни на она што го имаме, да ја чуваме и негуваме нашата вера преку реафирмација на нашите заеднички заложби во градењето на еден подобар свет за сите.
– И најважно, овој голем празник да нѐ потсети дека ниту една сила не е доволно моќна да ги урне верата и достоинството на еден народ и неговото исконско право на сопствено уверување и самоопределување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Божиновска упати честитка за Рамазан Бајрам
-
Божиновска: Три години живееме под туторство на државните удари на Верушевски, СДСМ и Заев
-
Валентина Божиновска: Македонија ја живее кризата на една тиранска платформа
-
Божиновска: Треба да стравуваме како ќе ја одбраниме Македонија од проблемите на двоецот Заев-Шеќеинска


