| четврток, 6 декември 2018 |

Мерак на квадрат во копродукција на Вугринец и на Ѓукиќ (видео)

Двете акции во копродукција на Ренато Вугринец и на Дарко Ѓукиќ ја кренаа на нозе публиката во „Борис Трајковски“, а головите беа само шлаг на кремот.

Металург загуби од Веспрем, но тоа не го намалува впечатокот што го оставија прекрасните проигрувања меѓу Вугринец и Ѓукиќ. Прво македонскиот репрезентативец Вугринец од зад грб го префрли цел терен го пронајде крилото на Металург, а Ѓукиќ со вртена топка го надмудри Миклер.

Потоа следуваше уште поблескав момент и цепелин меѓу двајцата ракометари на македонскиот првак, по што Вугринец ја затресе мрежата на извонредниот голман на Веспрем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top