| четврток, 6 декември 2018 |

Белгија парализирана, генерален штрајк го стопираше целиот превоз

20141214-belgium-strike-afp

Воздушните и железничките линии во Белгија од синоќа се во целосен прекин поради штрајкот на контролата на летање, кои им се приклучија на синдикалците незадоволни од владините мерки за штедење.

– Сите летови се откажани. Сѐ е стопирано до вечер – соопштиле од бриселскиот аеродром.

Во овие 24 часа додека трае штрајкот ниту еден авион нема да полета ниту ќе слета на бриселскиот аеродром. Управата на аеродромот „Шарлроа“ претходно соопшти дека ќе бидат откажани сите полетувања, а авионите што пристигнуваат ќе бидат пренасочувани.

Белгиската железничка компанија СНЦБ соопшти дека ги откажува сите домашни линии на 24 часа, а Евростар објави дека возовите од Лондон до Брисел ќе сообраќаат само до Лил, во близина на границата со Белгија и дека нема да возат до Брисел. Штрајкот се очекува да се приклучат и другите јавни превозници, поради што ќе бидат сопрени и автобуските линии, метрото и трамвајот, така што целиот град ќе биде парализиран.

Синдикатите остро се спротивставуваат против мерката на владата да ги намали платите во јавниот сектор и да ја подигне старосната граница за заминување во пензија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top