Бенфика конечно забележа победа во Порто против големиот ривал по 9 години пост, а творец на успехот на тимот од Лисабон е бразилскиот ас Лима.
Напаѓачот на Бенфика на двапати ја погоди мрежата на домаќините за прва победа на теренот на Порто по октомври 2005 година. Домаќините ја немаа ниту помошта од фортуната и на двапати ја гаѓаа рамката на голот, за разлика од гостите кои беа рационални и ги искористија своите шанси за погодок.
Бенфика остана на врвот на табелата во португалското првенство со 34 бода, 6 повеќе од Порто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.