Авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска упати повик до муслиманските верски лидери и племенските старешини во земјата да се спротивстават на крвавите напади на талибанците, кои зачестија со приближувањето на крајот на меѓународната мисија на НАТО во Авганистан.
– Активностите на талибанците се неприфатливи, Тие не се исламски и не се хумани. Нашето општетсво треба да се спротивстави на тоа. Ги повикувам, пред се, верските лидери, племенските старешини и граѓанското општетсво да кажат не цел глас дека тое е неприфатливо, порача Гани во обраќањето на собир посветен на почитувањето на човековите права.
Последниве недели во Авганистан зачестија нападите врз колони возила на силите на НАТО и авганистанската армија, како и врз домовите на странци и врз владини објекти. При овие напади најчесто има и голем број цивилни жртви.
При напади само во текот на вчерашниот ден беа убиени седуммина авганистански војници, 12 деминери и висок претставник на Врховниот суд на Авганистан. Во четвртокот беше извршен напад врз Францускиот културен центар во Кабул, при што загина еден Германец, а 15 лица беа ранети. Во ноември пак беа убени најмалку 50 лица, при напад за време на одбојкарски натпревар во источната провинција Пактика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.