| четврток, 6 декември 2018 |

Милан пресилен за Наполи (видео)

Милан го доби дербито од 15. коло во Серија А против Наполи со 2-0, со по еден гол во двете полувремиња, дела на Менез и на Бонавентура.

Уште во шестата минута Менез како брз воз мина низ одбраната на гостите и лесно погоди за предност на Милан од 1-0.

Наполи се обиде да возврати, но прими уште еден гол по пет минути игра во вториот дел, за недостижна негатива од два гола. Бонавентура со прекрасен скок и удар со глава ја затресе мрежата на Кабрал.

По дербито двете екипи со по 24 бода се израмнија на делба на шестата позиција во Калчото.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top