| четврток, 6 декември 2018 |

Претепан доктор од Итна помош во Чаир

brza pomos

Шеесет и четиригодишниот А.Т., доктор од скопската Служба за итна медицинска помош, е истепан од граѓанин на Чаир.

Инцидентот се случил вчера на улицата Ферид Заири откако докторот вработен во Службата за итна медицинска помош – домашна посета го паркирал своето службеното возило.
Бидејќи, наводно, му го попречил патот на неговиот врсник З.Р., насилникот излегол од автомобилот и со тврд предмет почнал да го удира докторот по главата и по телото. Подоцна насилникот бил приведен од полицијата и против него, како што велат од скопската полиција, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top