| четврток, 6 декември 2018 |

Пораз на Металург за збогум на турбулентната 2014 година

Македонскиот првак Металург загуби од Веспрем со 22-27 во последниот меч во 2014 година за тимот од Автокоманда. Турбулентната година што не му донесе посакуван финиш на Металург, зачинета со многу проблеми на финансиски и кадровски план заврши со неуспех.

Веспрем се покажа како тврд орев за македонските екипи, откако претходно го декласираше и Вардар и во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата.

И вечерва моќните Унгарци ја потврдија високата ракометна класа и предводени од извонредниот голман Миклер рутински победија. Миклер оствари дури 18 одбрани, во нападот одлично функционираа Илиќ и Родригес со заеднички ефект од 13 гола, што беше доволно Веспрем да ја забележи 11. победа во СЕХА лигата.

Metalurg Brest Meskov 17 (Custom)

Кај Металург светла точка беше голманот Митрески со 11 одбрани, најефикасен беше Вугринец со 6 погодоци, пред Ѓукиќ и Мојсовски со по 4 гола.

За одбележување е мајсторски одиграниот цепелин на Ѓукиќ и Вугринец во финишот на мечот, кога двоецот на Металург ја надмудри комплетната одбрана на гостите и постигна ефектен гол. Скопјани со учинок од 4 победи и 5 порази е на шестата позиција во Регионалната лига.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top