| четврток, 6 декември 2018 |

Условни пресуди за тепачите на Кале

kale protesti
Кривичниот суд во Скопје пресуди колективна одговорност за учесниците во инцидентите на скопската тврдина пред две години кога физички се судрија две групи – едната навивачи Македонци и другата Албанци предводена од невладината организација „Разбуди се”.
На сите 14 обвинети им пресуди по седум месеци условна казна затвор доколку во наредните две години го повторат делото.
Судот им судеше на 14 лица кои имаа поднесено приговор на првата пресуда која се донесе во скратена постапка, без одржување рочишта. Тогаш првично повеќе од 20 граѓани беа казнети со три месеци условен затвор ако го повторат делото во наредните две години.
Дел од нив поднесоа приговори за судењето по скратена постапка и за казната, но денеска тие добија построги казни од првичните.
Адвокатот на лицата што поднесоа приговор, Владо Петроски, по рочиштето изјави:
– Сега тие што поднесоа приговор се казнети со поголема санкција од тие што ја прифатија првичната пресуда и не се жалеа. Мислам дека не е во ред што судот пресуди колективна одговорност и на сите обвинети им даде иста казна иако некои од нив докажаа дека не учествувале во насилството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top