| четврток, 6 декември 2018 |

Десет години од убиството на српскиот премиер Ѓинѓиќ

зоран ѓинѓиќ

Пред десет години во Белград беше убиен српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ и денеска и во следните денови ќе се одржат повеќе комеморативни настани – ќе се положи венец на спомен-плочата на Ѓинѓиќ во дворот на Владата на Србија.

Потоа ќе се одржи и традиционалната „Прошетка за Зоран“, во која оваа година за првпат заедно ќе учествуваат приврзаници на Демократската партија и на Либерално-демократската партија. Прошетката е замислена како натпартиски настан.

Демократската партија, на чие чело беше Ѓинѓиќ, ги повика граѓаните денеска, во пресрет на почетокот на прошетката, да се соберат на Теразије, каде ќе им се приклучат приврзениците на ЛДП, кои во 11 часот ќе се соберат пред седиштето на партијата.

Почитувачите на делото на Ѓинѓиќ ќе прошетаат до Владата на Србија, поточно до местото на кое беше убиен, а потоа и до неговиот гроб на Новите белградски гробишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top