| четврток, 6 декември 2018 |

Прекрасен волеј на Наинголан, Рома со победа му се заканува на Јувентус (видео)

Раџа Наинголан постигна прекрасен гол со волеј удар, што беше победнички за Рома против Џенова во меч од 15. коло во Серија А. Наинголан беше прецизен во 40. минута со што го исправи киксот на Љајиќ кој промаши пенал 9 минути претходно.


Radja Nainggolan Fantastic Bicycle Kick Goal… by football-live1

Рома сега има 35 бода, само еден помалку од лидерот и актуелен шампион на Италија Јувентус.

Попладнево за Парма не настапи македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, а неговиот тим ремизираше без голови против Калјари. Парма остана закована на дното со само 6 бода.

Во третиот меч попладнево Верона го изненади Удинезе на гости и победи со 2-1. Вечерва играат Чезена со Фиорентина и Милан со Наполи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top