| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје магла и загаден воздух: ПМ10 честичките седум пати над дозволеното

 Студено, магливо и многу загадено е денеска во Скопје, објави порталот „24 здравство“.  Според последните мерења на Министерството за животна средина во 12 часот, ПМ10 честичките се со многу висока концентрација во скопските општини Центар, Карпош и Лисиче како и во Тетово и Велес. Надминувањата се 5 до 8 пати над дозволената граница. Индексот на загадување е висок и во Гази Баба и Кичево.

Уште пред неколку месеци лекарите укажаа на штетноста од овие честички и препорачаа или седење дома или на Водно каде воздухот е чист.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top