| четврток, 6 декември 2018 |

Ортега: Металург заслужува респект

Металург има многу проблеми во финишот од 2014 година, неколку ракометари си заминаа, а завесата за тимот од Автокоманда се спушта денеска на натпревар од СЕХА лигата против моќниот Веспрем.

Унгарците се во топ- форма, играат одлично и во Регионалното натпревраување и во Лигата на шампионите и се фаворити против македонскиот првак денеска во Скопје на натпревар што почнува во 19 часот.

ves

Металург има проблеми, загуби доста играчи во изминатиот период, но, сепак се силен тим, особено кога играат дома. Заслужуваат максимален респект од наша страна. Познато е дека во Скопје никогаш не е лесно да се игра. Сепак ќе одиме на победа и на освојување на нови три бода. Наш најголем проблем е заморот кај нашите ракометари, по тешката полусезона, но мораме да ги доиграме преостанатите две средби, а потоа да одиме на заслужен одмор“, изјави тренерот на Веспрем, Карлос Ортега.

Веспрем е лидер во СЕХА лигата со 10 победи и максимален учинок, за разлика од Металург кој има по 4 победи и порази и е на шестата позиција со 11 бода, наместо 12. Металурзите се казнети со еден бод, бидејќи не отпатуваа во Загреб на дуел со ППД Загреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top