Цените на услугите на роамингот во регионот ќе поевтинат од крајот на јуни наредната година, а не од почетокот на годината како што беше претходно најавено. Ова, според дел од медиумите од Црна Гора и од Бих, било договорено на состанокот на регулаторите одржан во средата во Белград.
Според овој договор, граѓаните од државите во регионот од средината на наредата година ќе плаќаат по преполовена цена за разговорите и СМС пораките, додека цената на користењето на интернетот ќе биде девет пати поевтина од актуелната“, пушува подгоричкиот весник „Дневне новине“.
Појдовните повици во роамингот ќе чинат 0,29 евра, наместо сегашните 0,62, додека цената на дојдовните повици ќе биде намалена од 33 на осум центи. СМС пораката ќе чини девет наместо сегашните 19 цнти, а интернетот ќе поевтини за 89 отсто.
Владите на Црна Гора, Србија, БиХ и Македонија потпишаа во септември во Будва договор за намалување на цените на роамингот по примерот на ЕУ.
Државите од регионот се обрзаа со договорот дека максималните цени на телефонирањето, праќањето пораки и преносот на податоци во мрежата на мобилната телефонија во странство да биде на ниво на цените во државите во ЕУ.
Кон договорот може да пристапат сите држави од регионот и од Европската унија, наведува босансата агенција Онаса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.