| четврток, 6 декември 2018 |

Во Вашингтон и во Њујорк илјадници луѓе маршираа против расизмот

Илјадници луѓе се одѕваа на повикот за големиот марш во американската престолнина Вашингтон, град кој и во минатото беше сцена на манифестации за граѓански права, а во саботата демонстрантите бараа правда за смртните случаи на неколку афроамериканци убиени од бели полицајци, а исто така марш се одржа и во Њујорк.
Во саботата навечер големи протести се одржуваат во повеќе градови во САД, од кои најмасовниот се одржа Вашингтон, на кој според медиумите имало неколку десетици илјади луѓе.

На повикот на пасторот Ал Шарптон и неговиот Национален сојуз за дејствување, борци за граѓански права на САД, се одржа маршот под мотото „Правда за сите“(Justice for all), а меѓу учесниците беа и членовите на семејствата на Мајкл Браун, Ерик Гарнер и Тамир Рајс, црнци кои последните четири месеци беа убиени во инциденти од бели полицајци. Тие убиства го разбудија духот на расизмот во САД, каде што со денови траат протестите против одлуките на големите пороти да не подигнуваат судски процеси против полицајците.

Протесната поворка во Вашингтон беше следена од силни полициски сили и тргна од Плоштадот на слободата (Фридом Плаза) и заврши пред Капитол, пред американскиот Конгрес од кого се бара носење посебен закон кој ќе се занимаа со прашањето на полициската бруталност, во прв ред насочено кон припадниците на расните и етничките заедници.

Демонстрантите, главно млади луѓе и пристигнати од разни делови на САД, како од Флорида, од Конектикат и Питсбург, скандираа „Нема правда, нема ни мир“ (No justice, no peace).

Неколку десетици луѓе пристигнале од Фергусон, гратче во сојузната држава Мисури, во коешто во август беше убиени 18-годишниот Мајкл Браун, а на протестот присуствуваше и сопругата на 46-годишниот Ерик Гарнер, татко на шест деца, кој во ноември беше убиен од полицаец со зафат забранет во њујоршката полиција пред дваесет години. На протестот во Вашингтон беа најавени и семејствата на Акаи Гарли, кој исто така беше убиен од њујоршки полицајци, како и на Трејвон Мартин, кој во 2012 година на Флорида беше убиен од цивил припадник на доброволните чувари во соседството.

„Расизмот е болест. Револуцијата е решение. Запрете ги полицајците убијци. И животите на црнците вредат“, беа паролите и натписите што ги носеа демонстрантите кои укажуваат на тоа дека во САД „луѓето се оценуваат според изгледот“, пренесува АFP.

Во Њујорк, исто така, беа обновени протестите против расна дискриминацијата од страна на полицијата. Десетици илјади луѓе се собраа на Вашингтон сквер во јужен Менхетен и во поворка кон управата на њујоршката полиција.

Демонстрантите, како и во Вашингтон, носеа транспарентни на кои пишуваше „Не за расистичката полиција“ и „И животите на црнците вредат“, како и фотографиите на афроамериканците застрелани од бели полицајци. Некои демонстранти носеа мртовечки ковчези со имињата на настраданите од политичката бруталност.

Њујоршкиот митинг наречен „Маршот на милионите“, минуваат мирно, без безредија со кои беа придружени некои од претходни протести, известува Reuters. Сепак, демонстрантите го парализираа сообраќајот на некои од главните улици, вклучително и познатата Петта авенија.

„Премногу добри луѓе загинаа од рацете на полицијата. Ние сме тука за да ставиме крај на тоа“, изјави учесничка на маршот, млада жителка на Њујорк. Медиумите истакнуваат и дека на улиците на „Големото јаболко“ излегле и повозрасни Американци, и не само афроамериканци, туку и многу белци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top