Екипата на „Индиски асови“ предводена од Роџер Федерер го освои премиерното издание на тениската Премиер Лига (IPTL). Во четири града во Азија се натпреваруваа 4 екипи во мешан состав и со тенисери и тенисерки од различни генерации, а најуспешни беа „Индиските асови“.
Во шампионскиот состав играа Федерер, Ана Ивановиќ, Гаел Монфис, Санија Мирза, Фабрис Санторо и Рохан Бопана. Домаќини на егизбицискиот тенис караван беа Манила, Сингапур, Њу Делхи и Дубаи каде беше финишот вчера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.