Најмалку 160.000 христијани побегнале од Мосул, вториот по големина ирачки град, откако беше преземен од припадници на Исламска држава во јуни, јави ДПА, повикувајќи се на ирачки пратеник.
– Христијанските семејства беа принудени да го напуштат градот поради насилствата и заканите на таа терористичка група, рече пратеникот христијанин Емад Јухана.
Откако го презеде градот при напредувањето во Северен Ирак, Исламска држава им нареди на локалните христијани да се преобратат во ислам и да плаќаат „данок за заштита“, во спротивен случај ги очекува смрт.
Јухана рече дека неколку европски земји, кои не ги именуваше, прифатиле дел од христијаните, кои избегале од Мосул. Мнозинството од нив пронајдоа прибежиште во ирачката автономна област Курдистан, додаде пратеникот.
Пред навлегувањето на американската војска во 2003 година, во Ирак имало 1,2 милиони христијани, додава ДПА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


