Александар Џикиќ нема рецепт за да ја сопре серијата порази на Крка во Јадранската лига, а вечерва Словенците го претрпеа шестиот пораз во серија.
Џикиќ кој е македонски селектор и еден од најзаслужните за пласманот на нашата репрезентација на ЕП 2015 мака мачи со Крка во АБА лигата.
Унгарскиот Шолнок вечерва ја победи Крка со 63-59, со што се продлабочи кризата кај тимот кој го предводи Џикиќ. Крка има скор 5-7, иако почна одлично со биланс од 5-1 во Регионалната лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



